Поврзи се со нас

Македонија

Ќе се објавува јавен оглас за доделување земјоделско земјиште за сточари

Објавено

на

Владата на Република Македонија на последнат седница донесе одлука за распишување на оглас за доделување за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари, со намена за производство за сточна храна.

Според планот, вкупната површина која ќе биде предмет на јавниот оглас е на 517 хектари  и тоа во следните региони во Република Македонија: Берово, Велес, Гостивар, Дебар, Куманово, Кавадарци, Неготино, Свети Николе, Струмица, Штип и Крива Паланка. Периодот на закуп е во времетраење од 15 години.

Оваа недела се очекува јавниот оглас да биде објавен во Службен весник и во три дневни весници, по што сите заинтересирани ќе можат да конкурираат.

Право на учество на јавниот оглас имаат домашни физички и правни лица и странски правни лица. Физичките лица, треба да се регистрирани вршители на земјоделска дејност, а странските правни лица, имаат право да учествуваат на јавниот оглас доколку имаат регистрирано подружници во  Република Македонија.

Големината на површината на земјоделското земјиште во државна сопственост за која може да се даде во закуп на еден учесник за одгледување на земјоделски култури за производство на сточна храна (житни, фуражни и индустриски култури) се утврдува врз основа на бројот на грла добиток (говеда , копитари, овци, кози, свињи и живина) со кои располага понудувачот и тоа за едно говедо или еден копитар, односно 10 овци или кози, односно 4 свињи, односно 100 кокошки, мисирки, гуски, патки или бисерки, се доделува површина од 0,6 хектари. Големината на површината која се може да се даде под закуп сразмерно да расте со бројот на грла добиток во сопственост на понудувачот, но не може да изнесува повеќе од 20 хектари на еден учесник во постапка по јавен оглас.

Целта на ваквиот наменски јавен оглас за доделување на државно земјоделско земјиште во закуп, е да се поттикне и зголеми домашното производство на сточна храна, што за сточарите ќе значи поевтино и посигурно производство, и крајно ќе влијае врз развојот на целокупното сточарство.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 дена

Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Сообраќајна несреќа во Гостивар: Повредени пет лица, оштетени пет возила

Македонијапред 3 недели

Нови цени на горивата од полноќ!

Гостиварпред 4 недели

Букви на кирилица и глаголица и македонското знаме на натписот Гостивар во пресрет на 24 Мај

Гостиварпред 4 недели

Осквернавено срцето со македонското знаме и букви на натписот Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Инцидент во угостителски објект во Гостивар

Видео емисиипред 6 дена

Гледајте денес – Видео интервју со д-р Стојо Бошкоски

Гостиварпред 3 недели

Духот на работните акции живее и денес, Здружението на акцијаши Гостивар верно на мисијата

Гостиварпред 3 недели

Обновен и разубавен натписот Гостивар во градскиот парк

Гостиварпред 3 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 3 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 5 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 5 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 6 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 6 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 9 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 10 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 10 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена