Поврзи се со нас

Вести

Наместо во училиште со книга, деца го минуваат денот низ улиците питачејќи

Објавено

на

Деца кои наместо во училишни клупи, денот го поминуваат на улица. Животни приказни во кои детската игра е заменета со талкање и питачење, за жал не го одминуваат ни гостиварското секојдневие. Занемарени од родителите и роднините, овие деца се оставени само на себе, без грижа и потребната љубов од семејството.

Статистиката на полицијата покажува дека, минатата година на полошкото подрачје биле регистрирани 24 случаи на занемарена грижа на дете. Стручните лица посочуваат на последиците од ваквата појава, врз развојот на децата и нивниот натамошен живот. „Ако едно дете препуштено на улица не спие, не јаде редовно, нема свое постојано живеалиште, семејство, другарчиња, во иднина самото ќе има проблеми да воспостави сопствен нормален дом. Она што ќе го наследи од своите родители не е ништо друго, туку еден живот со талкање, со питачење. Тие деца многу лесно стануваат жртви на дрога, алкохол и останати пороци. Тука се јавува и феноменот на проституција, бело робје и низа проблематики кои потекнуваат од растењето на таков начин“, вели Билен Карахасан, психолог во Центарот за социјална работа во Гостивар.

За да може едно дете да се извлече од улица и да се социјализира, потребно е координирано делување на институциите и создавање на соодветни услови. „Тоа подразбира постоење на одредени центри за згрижување на децата кои питачат, или на целото семејство. Се работи за сложен проблем за кој требаат многу финансиски средства, но сметам дека тоа е исплатливо за едно општетсво , затоа што ќе се намалат ризиците од појава на нови генерации на питачи и ќе се зголеми бројот на општествено корисни луѓе, смета психологот Карахасан.

Изминатите години социјалните служби во Гостивар успејаа да оттргнат повеќе деца од улица и да ги вратат во образованиот систем. Неколку од нив се сместени во интернатот во Маврови Анови, а неколку се згрижени во Домот за деца без родители во Скопје.

Занемарувањето грижа за дете претставува прекршок за кој е предвидена казна  од 600 до 800 евра, но зависно од крајните последици, родителите или други инволвирани лица можат да бидат и кривично гонети.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 недели

Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар

Македонијапред 4 недели

Нови цени на горивата од полноќ!

Видео емисиипред 2 недели

Гледајте денес – Видео интервју со д-р Стојо Бошкоски

Гостиварпред 2 недели

MINT fintech group и во Гостивар: Менувачница, Осигурување, Инвестициски решенија, Дигитални плаќања, Кредити..

Гостиварпред 4 недели

Духот на работните акции живее и денес, Здружението на акцијаши Гостивар верно на мисијата

Гостиварпред 2 недели

Автомобил излетал од патот Гостивар – c.Беловиште и паднал во Лакавичка река

Рецептипред 4 недели

Домашен сок од цреша по рецепт на нашите баби

Гостиварпред 3 недели

Во пресрет на доаѓањето на печалбарите подготовки и мерки за ред во сообраќајот

Гостиварпред 3 недели

Неуморен автор! Гостиварецот Кипроски промовира уникатна и ретка монографија

Гостиварпред 3 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 3 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 5 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 6 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 7 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 7 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 10 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 10 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 11 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена